ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

И Холандија забранува дизел и бензин

Холандија е уште една земја која планира да ја забрани продажбата на нови дизел и бензински автомобили до 2030 година

Холандија е уште една земја која планира да ја забрани продажбата на нови дизел и бензински автомобили до 2030 година. Оваа програма беше објавена од страна на холандската влада, со цел намалување на емисиите во земјата за 49% до 2030 година.

намалување на емисиите за 49% до 2023 година

ХоландијаОсвен тоа се планира финансирање со околу 4 милијарди евра за користење на еколошка енергија, а до 2030 се планира и затворањето на сите централи кои работат на јаглен. Дел од овој план е и идејата новоизградените згради, вклучувајќи и станбените да не бидат поврзувани со гасоводи. Односно ќе се бараат други извори на обезбедување на енергија.

Велосипедизмот традиција во Холандија

И бидејќи велосипедизмот има огромни традиции во Холандија, земјата планира да инвестира 100 милиони евра во развојот на инфраструктурата за велосипедисти. Но и да стимулира дополнително користење на велосипеди. Овој план е усвоен од владата на Холандија, но природно, нема гаранции дека следните инстанци ќе го поддржат. Во моментов еден автомобил на секои 50 нови продадени во Холандија се хибридни или електрични. Властите сакаат овој сооднос што побрзо да се смени.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close