Швеѓаните ќе продаваат електромобили во продавниците за електроника
Шведската старт- ап компанија Uniti го претстави својот прв модел урбаниот електричен автомобил Uniti One
Двоседот може да се нарача на сајтот на компанијата, а исто така да се купува и во продавниците за електроника MediaMarkt.
Првите испораки се закажани за почетокот на 2019. Средствата за развој на Uniti One се собрани со помош на бројни ситни инвеститори, т.н. „краудфандинг“,а во случајов станува збор за 367 лица од 29 држави, а вкупната инвестиција обезбедена од нив е 1,6 милиони евра.
Uniti One ќе добие 22 kWh батерија, која ќе обезбеди електричен автомобил до 300 километри со едно полнење. Времето за полнење на батеријата од електричната мрежа за домаќинство е 3 часа и 10 минути. Максималната брзина му е 130 km/h, а во спортски режим се забрзува од 0 до 80 km/h за 3,5 секунди.