fbpx

Jaguar пред Audi и Porsche

Jaguar ги има сите шанси да ги надмине германските ривали Audi и Porsche во битката за да стане првиот премиум производител кој ќе понуди сериозна алтернатива за луксузните модели на Tesla

Имено Jaguar I- Pace е првиот електричен автомобил од најавените, чиј старт е во март следната година.

Сепак, ова сè уште не е официјално потврдено од британската компанија, која веќе објави дека I- Pace ќе дебитира на пазарот во 2018 година, но без дополнителни детали. Следната година и Audi ќе има новина на ова поле, но според најновите податоци од Volkswagen Group, e- tron ќе биде само претставен, а ќе започне со производство во почетокот на 2019 година.

Во исто време, продажбата на електричниот седан Porsche Mission E се очекува да започне кон крајот на 2018 година, предвидува LMC Automotive, која го анализира европскиот автомобилски пазар. Jaguar го претстави концептот I-Pace во 2016 година и беше објавено дека сериската верзија ќе има автономија повеќе од 500 километри со едно полнење.
Audi и Porsche
Овие податоци се точни според системот на NEDC, кој ја мери километражата на нови автомобили во Европа, но за државите каде што мерењата се многу поблиску до реалноста, автономијата е всушност над 355 km со едно полнење. Се очекува серискиот I- Pace да дебитира во Женева во март. Во септември, компанијата објави дека веќе имаат 25.000 потврдени нарачки.

Се претпоставува дека во Велика Британија цената на I- Pace ќе биде 60.000 фунти, што е сериозна предност во споредба со основната цена на Tesla Model X, која изнесува 70.880 фунти. Audi и Porsche, исто така, објавија дека опсегот на нивните електрични автомобили ќе биде околу 500 километри со едно полнење.
Audi и Porsche

Поврзани вести

Back to top button