fbpx

Нови детали за Volkswagen Project Trinity

Project Trinity на Volkswagen за прв пат го привлече вниманието на јавноста во јануари годинава кога првично беше најавено новото возило на германската компанија

Volkswagen Project Trinity е новиот електричен автомобил на иднината на германската компанија, кој првично беше најавен во јануари оваа година. Во првичната најава, од VW истакнаа дека автомобилот ќе биде поставен на нова архитектура за електрични автомобили, дека ќе биде применет радикален пристап во производството, а ќе се одликува со технологија за автономно возење и исклучително напреден софтвер. Во март се појави и првиот официјален тизер од автомобилот, а сега пристигнаа и нови детали.

Извештајот на Autocar открива нови информации околу тоа што треба да се очекува од продукциската верзија на Project Trinitu, кој ќе стане знаменосец во понудата на Volkswagen и ќе ја предводи поставата на новата генерација на електрични автомобили на германскиот бренд. Автомобилот ќе биде еден од првите модели на Volkswagen Групацијата кој ќе биде поставен на новата SSP платформа и ќе има форма на интересен микс помеѓу кросовер, хечбек и седан.

Според извештајот, Volkswagen ќе го продава возилото во стандардизирана форма со саммо неколку хардверски опции достапни од фабриката. Купувачите потоа ќе имаат можност да ги отклучуваат постоечките карактеристики преку софтверски унапредувања. Новите карактеристики ќе бидат достапни по дополнителна цена и ќе можат да се добијат преку бежични „апдејти“.

Иницијално, Project Trinity ќе биде лансиран со второ ниво на технологија за автономно возење, но конзистентните софтверски унапредувања би требало евентуално да го доведат до четврто ниво. Во оној момент кога понанпредниот софтвер ќе биде подготвен, автомобилот би требало да се вози самиот на автопати за време на долги патувања, под претпоставка дека ќе постои неопходната инфраструктура.

Volkswagen го развива електричниот автомобил како нов технолошки знаменосец, а моделот би ртебало да биде лансиран во 2026 година и не би претставувал вистински премиум автомобил и би чинел околу 35.000 евра. Се очекува да биде со слична големина како ID.4, но со нешто поинаква форма.

 

Поврзани вести

Back to top button