fbpx

BMW ги откри комплетните детали за новиот i4

Баварскиот автомобилски гигант BMW ги сподели комплетните детали за својот нов електричен модел i4 кој воедно ќе биде првиот ЕВ кој ќе добие „М“ варијанта

BMW i4 претставува електрична верзија на идната Серија 4 Gran Coupe, поради што батерискиот модел малку се разликува во однос на конвенционалниот автомобил. Една од главните карактеристки која ќе ги раздвојува е недостатокот на решетка, поинаков преден браник, како и рачките на вратите.

BMW i4

Од друга страна, кога станува збор за спецификациите и перформансите, треба да се истакне дека i4 eDrive40 и се напојува со единечен електромотор кој е поставен на задната оска и испорачува 340 КС и 416 Nm. Моторот ја добива својата енергија од 81,5 kWh батерија и има опсег на движење од 590 километри, а од BMW истакнуваат дека нивниот електромотор не користи ретки минерали и има фактор на ефикасност од 93 проценти во споредба со помалку од 40 проценти колку што имаат повеќето мотори на внатрешно согорување.

BMW i4 eDrive40

Стандардната BMW i4 варијанта наречена eDrive40 од нула до „стотка“ стигнува за 5,7 секунди, а максималната брзина е 189 километри на час. Електричниот автомобил исто така поддржува и брзо полнење до 200 kW, што значи дека за 10 минути полнење на ваков полнач може да добие опсег на движење од 164 километри.

BMW i4

Кога станува збор за ентериерот, i4 eDrive40 е мешавина на традиционалните BMW автомобили со унапредени функции и карактеристики кои купувачите можат да ги очекуваат кај електричните возила. Кабината на i4 добива масивен 12,3-инчен инфозабавен екран и 14,9-инчна дигитална инструмент табла кои се споени во една заоблена единица. Од BMW истакнуваат дека овој голем екран се одликува со антирефлективно стакло што го олеснува ракувањето. Големиот екран функционира со iDrive 8 софтвер кој овозможува бежични унапредувања. Пред возачот се наоѓа и head-up екран, а возилото добива и бежични Apple CarPlay и Android Auto.

BMW i4

BMW i4 eDrive40 пристигнува стандардно со трозонски клима-уред кој може да се подесува преку екранот или со гласовни команди, што значи дека нема физички контроли. Сите i4 модели пристигнуваат со стаклен покрив, а амбиенталното осветлување е достапно како опција, додека дел од стандардната опрема е аудио системот со 10 звучници.

Голем број системи за асистенција на возачот ќе бидат стандардни или додстапни како опција кај i4 eDrive40, со што возилото добива второ ниво на автономност. Клучни карактеристики се активниот темпомат со Stop&Go функција, асистент за ограничување на брзината и Driving Assistance Professional систем кој користи три предни камера, еден предно поставен радар и четири странични радари кои овозможуваат користење на асистентот за управување и контролирање на коловозната лента.

BMW i4 M50

Официјално, i4 е првиот електричен седан на BMW и во согласност со тоа моделот доби и M50 верзија. Станува збор за M Performance третман, а во согласност со тоа се нудат и подобри перформанси.

Оваа варијанта ја користи истата батерија како „обичниот“ модел, но нуди комбинирана моќност од 544 КС од двата електромотори поставени на двете оски, а се контролирани од едностепена трансмисија. Овие бројки се постигнати преку Sport Boost функцијата, која ја зголемува вкупната моќност за нешто повеќе од 10 секунди, додека во нормални услови, моќноста изнесува 475 КС. Според BMW, i4 M50 може да достигне од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди, а максималната брзина е 225 километри на час.

BMW i4

Покрај целосноелектричниот погон на сите четири тркала и помоќните мотори, i4 M50 исто така добива и адаптивен М систем на потпирање, заедно со варијабилно спортско управување, M Sport сопирачки и 19-инчни стандардни M тркала со лесна легура. Кога станува збор за батеријата, i40 M50 нуди опсег на движење од 510 километри, а полнењето на брз полнач со 200 kW може да ја наполни батеријата од 10 до 80 проценти за само 30 минути.

Во внатрешноста, автомобилот се одликува со истиот закривен екран како кај обичниот модел. Но, тука се копчињата за возачките режими со кои перформансите секогаш се на дофат. Седиштата се позајмени од М3 и М4, а тука се и другите спортски додатоци како управувачот и тримовите.

BMW веќе почна да прима нарачки за i4, а првите примероци би тербало да пристигнат до сопствениците во ноември оваа година. Во Европа, i4 eDrive 40 ќе чини 59.700 евра, додека помоќниот M50 ќе чини дури 71.650 евра.

Поврзани вести

Back to top button