fbpx

Две третини од Русите не сакаат да слушнат за руски автомобили

Дури 68% од Русите не сакаат ниту да помислат за купување на нов руски автомобил, а 45% од нив не им веруваат на квалитетот, на 37% не им се допаѓа дизајнот и 18% сметаат дека не се доволно безбедни во случај на катастрофа

Ова се резултатите од студијата на московската маркетинг агенција Zoom Market, презентиарана во изданието на За Рульом. Понатаму во анализите од истражувањето се вели дека, ако треба да избират помеѓу неколку модели од иста ценовна категорија, 83% од Русите би преферирале увезени наместо домашни автомобили.

Русите

Сепак, 53% од испитаниците најдоа позитивни промени во дизајнот на руските автомобили во последниве години и имплементирањето на одредени технологии. Според Русите, најсигурни автомобили се германските, проследени од јапонските и шведските. Дури 74% од учесниците во истражувањето даваат позитивна оценка за странските модели кои се составуваат во Русија.

Поврзани вести

Back to top button