fbpx

Нова промена во F1 календарот поради Ковид-19

Календарот во Formula 1 повторно ќе биде подложен на промени во 2021 година, откако викендот во Сингапур од 1 до 3 октомври е откажан

Големата награда на Сингапур која требаше да се одржи на 3 октомври е откажана, што ќе придонесе за нови промени во F1 календарот за оваа сезона. Одлуката е донесена од страна на организаторите на тркачкиот викенд во Сингапур кои истанаа загриженост за безбедноста и проблемите со логистиката наметнати од пандемијата на Ковид-19

„Разбираме дека нашите фанови со нетрпение очекуваа ново издание на F1 Големата награда на Сингапур. Да се откаже настанот втора година по ред е неверојатно тешка одлука, но истата е неопходна поради рестрикциите за настаните во живо во Сингапур“, изјави Колин Син, заменик претседателот на Големата награда на Сингапур.

Трката во оваа азиска земја ги следи примерите на Големата награда на Кина и Турција, кои исто така се откажани од истата причина. Двата настани, сепак, иницијално беа планирани за почетокот на сезоната и побараа да останат во предвид доколку некој настан подоцна во текот на сезоната е откажан.

Билетите за Големата награда на Сингапур не се пуштени во продажба се уште, но оние кои имаа влезници за 2020 и истите им беа пренаменети за оваа година, ќе ги добијат своите пари назад.

Хамилтон и Ферстапен потфрлија, Перес победник во Баку

Изминатиот F1 викенд беше мошне интересен, а возачот на Red Bull Серхио Перес триумфираше на големата награда на Азербејџан, шестата трка во годинешниот шампионат на Formula 1. Мексиканецот на совршен начин ги искористи проблемите и грешките на двајцата главни кандидати за титулата, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.

Перес на улиците на Баку дојде до втората победа во кариерата, а прва во боите на Red Bull. Најголем конкурент му беше Себастијан Фетел во болидот на Aston Martin, кој дојде до својот прв подиум со новиот тим, додека на третото место се најде возачот на Alfa Tauri, Пјер Гасли.

Големата награда на Азербејџан имаше два дела. Првиот беше 48 круга, а вториот само два. Во првиот Ферстапен ги контролираше случувањата на патеката откако го презеде водството, а Холанѓанецот профитираше од поголемиот застој на Хамилтон. Британецот не само што остана без водство, туку и без втората позиција, бидејќи и Перес излезе од боксот пред него, а потоа остана заглавен зад Мексиканецот. Во одредени моменти беше доволно блиску да го нападне, но не успеваше во тоа.

Голема несреќа за Ферстапен

На пет круга пред крајот се чинеше дека Ферстапен е на пат да дојде до триумф, меѓутоа неговите пневматици попуштија. На возачот на Red Bull му пунка задниот лев пневматик, по што удри во ѕид, а на патеката излезе безбедносното возило. Прекинот на трката траеше околу половина час, а кога истата продолжи Хамилтон тргна во напад на Перес, но само продолжи напред и така остана без бодови. Мексиканецот остана на чело пред Фетел, Гасли и Леклер. По водечката четворка се најде Ландо Норис од McLaren, пред возачот на Alpine Фернандо Алонсо и Јуки Цунода од Alfa Tauri. Бодови освоија и вториот возач на Ferrari Карлос Саинц, Даниел Рикиардо од McLaren и Кими Раиконен од Alfa Romeo. Хамилтон на крајот заврши како 15-ти, а лошиот ден за McLaren го пополни Валтери Ботас кој заврши како 12-ти.

F1

Најбрзиот круг беше дело на Ферстапен, меѓутоа со оглед на тоа дека возачот на Red Bull не ја заврши трката, остана и без тој бод. Но, Холанѓанецот останува на врвот со 105 бода, а Хамилтон има четири помалку, но затоа Перес напредуваше до третото место и сега има 69 бода на своето салдо.

F1 шампионатот продолжува со Големата награда на Франција која е закажана за 20 јуни.

Поврзани вести

Back to top button