РКЕ пак ги поскапува горивата
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука кога станува збор за утврдување на малопродажните цени на горивата во земјава
Со својата најнова одлука РКЕ ги поскапува малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја во просек за 1,39 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.
Во согласност со методологијата за утврдување на цените, Регулаторна одлучи од вечерва на полноќ цените за бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и малопродажната цена на Еуродизел да поскапат за половина денар.
Според ова, од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се точи за 68 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 70 денари, додека Еуродизел во следниот период ќе се продава по цена од 60,50 денари за литар гориво.
Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување, кај бензинот за 2,177%, а кај дизелот за 2,457%.