fbpx

Lancia доби нов дизајнерски шеф, најавува ренесанса на брендот

Со настанувањето на Stellantis групацијата се најавуваат доста позитивни работи за италијанскиот бренд Lancia, а сега тоа почнува да се остварува

Италијанскиот производител Lancia се подготвува за револуција со настанувањето на Stellantis. По настанувањето на групацијата најавени се големи инвестиции во овој бренд, а Lancia конечно ќе добие шанса да ја докаже својата вредност и ќе добие статус на премиум производител. Истовремено, компанијата заеднички ќе развива нов модел со Alfa Romeo и DS Automobiles.

Во меѓувреме, пристигнуваат и нови поволни информации за Lancia, откако Stellantis најави дека Жан-Пјер Плуе, дизајнерскиот шеф за европските брендови на групацијата, лично и персонално ќе го надгледува дизајнерскиот тим на Lancia. Тој ќе соработува со талентиран тим на млади дизајнери кои ќе ги обликуваат идните производи на Lancia.

„Ренесансата на Lancia е навистина возбудлив предизвик. Lancia е легендарен бренд, кој повторно ќе биде поставен во централната историска позиција во Европа и ќе се искористи неговиот огромен потенцијал“, изјави Плуе.

Жан-Пјер Плуе својата кариера ја започна во Renault каде е задолжен за дизајнот на Twingo и ред други интересни возила. По ова, тој се сели во Volkswagen Design Centre, за патот да го одведе до Ford, пред да се пресели во PSA Групацијата. Во 1999 година стана шеф на дизајнерскиот центар на Citroen, а благодарение на тоа што го трансформираше ликот на францускиот бренд, деценија подоцна тој беше промовиран во директор за дизајн на целата PSA групација, додека од неодамна е главен дизајнерски директор на Stellantis.

Lancia

Од друга страна, Lanсia сигурно ја очекува многу подобра иднина, со оглед на тоа дека брендот во моментов е застапен само со моделот Ypsilon кој се продава исклучиво на матичниот, италијански пазар.

Поврзани вести

Back to top button