fbpx

Викенд тарифа: Bugatti Chiron на мегдан со F1 болид

Bugatti Chiron хиперавтомобилот е едно од најбрзите возила на планетата и со себе носи рекордни перформанси со неверојатна доза на луксуз

Bugatti одамна е синоним за неприкосновена брзина и врвен луксуз. Неколку модели на прославениот производител од Молсхајм рушеле разни светски рекорди, а моделот Chiron е приказна за себе. Но, како Bugatti Chiron ќе се снајде во драг трка со F1 болид, бензинска машина која е дизајнирана да ги руши законите на физиката?

Formula 1 тркачките возила се дизајнирани за кружни трки, не за драг тркање, но сепак станува збор за исклучително брзи машини на права линија, па дури и оние постарите, како што е шампионскиот болид на Red Bull Racing од 2011 година. RB7 се напојува со 2,4-литарски V8 мотор кој испорачува 750 КС, ги придвижува задните тркала, а целиот болид тежи само 650 килограми.

Од друга страна Bugatti Chiron тежи 1.995 килограми, речиси трипати повеќе, но неговиот квад-турбо W16 мотор испорачува 1.480 КС и има погон на сите четири тркала.

Поврзани вести

Back to top button