fbpx

Audi најави три ЕВ концепти за различни сфери од мобилноста

Германската компанија преку тизер фотографии објави три концептни електрични автомобили кои се очекува да бидат претставени во следните 12 месеци

Audi сериозно се насочува кон својата трансформација како исклучиво електричен бренд, а за таа цел компанијата најави три електрични концепти кои ќе „дефинираат три различни сфери на мобилноста“. Фотографиите се објавени од страна на потпретседателот и главниот дизајнер на Audi брендот, Хенрик Вендерс и Марк Лихте. Наречени Sky Sphere, Grand Sphere и Urban Sphere, триото електрични концепти веројатно се дел од Project Artemis на Audi кој треба да изроди пионерски ЕВ кој би бил лансиран во 2024 година.

https://youtu.be/7xhsiQWY2fU

Во видеото во кое се појавуваат и Вендерс и Лихте, двајцата оперативци на Audi зборуваат за трите концепти и како истите „без грешка се Audi“ и го насочуваат погледот кон иднината на мобилноста.

Првиот концепт кој е прикажан е Sky Sphere. По она што може да се забележи, станува збор за спортско купе со две врати и големи тркала, долга хауба и ниска покривна линија. По него следува Grand Sphere, кој Лихте го објаснува како голем автомобил кој ќе понуди „грандиозно искуство од висока класа за сите сетила“. Базирано на тизер фотографијата, станува збор за голем седан.

Audi

На крајот тука е и Urban Sphere. Вендерс овој модел го опишува како „приватен простор во урбаните средини“ кој е дигитализиран, социјален, инволвирачки и совршено центриран околу возачот и патниците, а според формата станува збор за голем SUV модел.

Останува да се види дали Audi има планови да произведе некој од овие три концепти, но барем еден од нив можно е да го најавува електричниот автомобил кој Audi планира да го лансира во 2024 година.

Поврзани вести

Back to top button