Opel Insignia GSi доаѓа со нови спортски седишта
Со долга традиција во областа на ергономските позиции на телото на возачот, од Opel најавуваат нешто сосема ново кај моделот Insignia GSi
Со долга традиција во областа на ергономските позиции на телото на возачот, од Opel најавуваат нешто сосема ново кај моделот Insignia GSi, кој ќе биде достапен со целосно нови спортски седишта, повторно сертифицирани од AGR. Новите спортски седишта на Opel Insignia GSi доаѓаат со сите познати предности, а идните сопственици на возилото може да се потпрат и на вентилација, греење, функција за масажа и прилагодливи странични потпори.
Овие функционалности се комбинирани со високо интегриран подглавник и оформени дупки за појасите, а купувачите ќе можат да изберат и меѓу две луксузни кожни решенија. Спортските седишта за Insignia GSi, кои се целосно развој на центарот на Opel, доаѓаат со функција за зачувување на конфигурацијата, односно со меморирање во повеќе позиции.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=CtsDW-eVWpU