fbpx

Цените на бензините растат, се намалува акцизата за дизелот

Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука ги одреди малопродажните цени на бензините и дизелот во следните седум дена

Со својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата, Регулаторната комисија, во согласност со методологијата за пресметување на цените на нафтените деривати, продолжува да ги поскапува цените на бензините во нашата земја. Од друга страна, стекнати се услови за намалување на акцизата за дизелот.

Според најновата одлука на РКЕ, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар, додека пак малопродажната цена на Еуродизел се намалува за 2 денари во однос на цените кои беа утврдени минатата недела.

Во согласност со ова, од ноќеска на полноќ, па се до следниот понеделник, цената на литар Еуросупер БС-95 ќе чини 72,50 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се точи по цена од 74,50 денари по литар гориво. Од друга страна, Еуродизелот во следната недела ќе се продава по цена од 62 денари.

Од РКЕ исстакнуваат дека сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување и тоа кај бензинот за 1,7 проценти, односно 0,88 проценти кај дизелот.

Поврзани вести

Back to top button