fbpx

Деби за Ford Focus ST Edition со унапредени перформанси

Ford Performance ја откажа својата RS програма, но сега лансираше специјална едиција на Focus ST за одредени европски пазари

Ford Focus ST е еден од милениците на хот хеч ентузијастите на Стариот континент, а сега добива нова специјална едиција со механички унапредувања. Така наречениот Focus ST Edition е опишан од страна на Ford како „најагилниот Focus ST досега“, благодарение на новата суспензија. Станува збор за унапреден подесив систем на потпирање со висока спецификација.

Овој систем е екстензивно тестиран од страна на Ford Performance тимот, меѓу другото и на Нирбургринг, шасијата се одликува со двонасочно подесиви коиловери, двоцевчесто куќиште од нерѓосувачки челик за амортизерите и спирални пружини од KW Automotive. Во споредба со стандардниот Focus ST, ST Edition е поставен 10 милиметри пониско со достапно подесување од дополнителни 20 милиметри.

Ford Focus ST Edition

Кога станува збор за дизајнот, Focus ST Edition се одликува со ексклузивната Azura Blue боја на екстериерот која дебитираше минатата година со Fiesta ST Edition. Во овој случај е комбинирана со високо сјаен црн финиш на решетката, инсертите на браникот, капаците од ретровизорите, покривот, задниот спојлер и дифузерот за изглед кој потсетува на претходната генерација на Focus RS. ST беџовите исто така се специјални, порабени со црна боја.

Во внатрешноста, се наоѓаат Recaro спортски седишта со ST брендинг делумно тапацирани во кожа, црвено обоено ST копче и сини конци кои се совпаѓаат со екстериерот. Најважната визуелна одлика се новите црни 19-инчни тркала од лесна легура обложени со Michelin Pilot Sport 4S пневматици.

Ford Focus ST Edition

Под хаубата нема никакви промени и таму и понатаму се наоѓа 2,3-литарскиот EcoBoost турбо мотор кој испорачува 280 КС и 420 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се испраќа на предната осовина исклучиво преку шестстепениот мануелен менувач, со оглед на тоа дека ST Edition не е достапен со седумстепениот DCT автоматик. Со оваа поставка, Ford Focus ST Edition од нула до „стотка“ стигнува за 5,7 секунди.

Поврзани вести

Back to top button