Dacia има тајно оружје против гребнатините
Романскиот производител Dacia има нов метод при производството на заштитата на каросеријата која штити од гребнатини
Со цел полесно да одолеат на гребнатините во секојдневното возење, новите Dacia Sandero Stepway и Duster сега се опремени со посебна заштита на каросеријата за чија долготрајност е заслужна техниката за боење во маса.
Заштитата на каросеријата е всушност парче пластика која се вградува под предниот и задниот браник со цел шасијата да се заштити од секојдневно трошење. Но, овој елемент има и естетска функција. Благодарение на него, браникот делува попривлечно, а притоа Dacia смисли нов начин за изработка на заштитата на каросеријата од пластиката обоена во масата.
„Обоената заштита на каросеријата со текот на времето го менува својот изглед, а со техниката боење во маса и обезбедуваме долготрајност. Со посебниот дизајн на заштитата на каросеријата на новите Sandero Stepway и Duster сакавме да понудиме паметни и едноставни решенија со најдобар однос на цена и квалитет, но и да го задржиме привлечниот изглед. За да го достигнеме тоа, развивме ефикасни и еколошки свесни производни постапки“, изјави Санам, директорката на одделението за дизајн на бои и украсни елементи во Dacia.
Традиционалната постапка за изработка на заштитата на каросеријата се состои од два чекори. Пластичниот материјал, односно полипропиленот се вбризгува во калап со цел да се обликува. По ова, се фарба или се обложува со парче слободно обликувано парче метал со цел да го добие конечниот изглед.
Бојата никогаш нема да се промени
Меѓутоа, Dacia се одлучи за алтернативна метода на изработка. Новите Dacia Sandero Stepway и Duster сега можат да се пофалат со заштита на каросеријата која е претходно обоена во маса. Тоа значи дека пластичниот материјал од кој се изработува заштитата на каросеријата е офарбан пред обликувањето. За разлика од традиционално обоените заштити на каросериите, неговата боја никогаш не се менува.
„Дури и ако при боењето на надворешниот дел користите високо отпорни бои, треба да се има на ум дека ударите и гребаниците кои настануваат при секојдневното возење со текот на времето ќе го изменат изгледот на бојата или во целост ќе ја уништат. Со техниката за боење на овие делови во маса постигнуваме долготрајност на бојата“, додава Санам.
Евентуалните удари и гребаници на заштитата од каросеријата секако ќе остават трага, но таа трага ќе биде практично невидлива бидејќи нема да дојде до оштетување на бојата. Оваа производна постапка гарантира долготрајност на бојата на заштитата на каросеријата и го олеснува прилагодувањето на нејзиниот изглед. Новите заштити се подеднакво издржливи, не подразбираат дополнителни трошоци и делуваат многу поелегантно.