fbpx

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди најновите малопродажни цени за бензинот и дизелот во нашата земја

Во согласност со методологијата за утврдување на малопродажните цени на горивата во нашата земја, Регулаторната комисија одлучи да направи промени во ценовникот. Според најновата одлука на РКЕ, горивата во просек поскапуваат за 0,40 проценти во однос на минатата недела.

Конкретно, ова значи дека од ноќеска на полноќ цените на бензините Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 се намалуваат за еден денар, додека пак од друга страна цената на Еуродизелот се зголемува за еден денар.

Тоа значи дека во следните седум дена еден литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 72 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 74 денари, додека пак Еуродизелот ќе се точи по цена од 63 денари по литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување само кај бензините за 3,175 проценти, додека кај дизелот е забележано зголемување од 1,873 проценти.

Поврзани вести

Back to top button