fbpx

Пад на побарувачката за дизелите- зголемување на емисиите на CO2?!

Според анализата на Buyacar.co.uk, британска компанија за продажба на возила преку онлајн систем, падот на побарувачката за нови дизел автомобили оваа година во Велика Британија, доведе за прв пат по 14 години, до пораст на просечните емисии на CO2

CO2Податоците понудени од страна на Buyacar.co.uk се од анализите на англиското Министерство за транспорт, кои велат дека секое ново возило продадено во Велика Британија, во десет месеци од 2017 година, емитира повеќе емисии на CO2 од минатогодишниот просек. Според резултатите, главната причина за ова зголемување е намалената побарувачка за нови дизел автомобили, кои обично се поефикасни и со пониски емисии на CO2 од бензинските автомобили. Според официјалните податоци на Министерството за првите десет месеци од оваа година, просечната стапка на емисии на CO2 за нов автомобил изнесува 121,1 грама на километар, а за изминатата година резултатот беше 120,3 g/km.

Buyacar.co.uk коментира дека новите податоци ставија крај на падот на просечната емисија на CO2 на нови автомобили во Велика Британија, која забележа подобрување од 4.02 грама годишно од 2003 година, па наваму.

Поврзани вести

Back to top button