fbpx

Викенд тарифа: Строл и Фетел во Aston Martin DB5 на Џејмс Бонд

Двајцата возачи на Formula 1 тимот на Aston Martin, Себастијан Фетел и Лоренс Строл, добија можност да седнат зад управувачот на култниот DB5

Постојат 25 филмови во серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд, а во повеќе од половина од нив главната улога ја имаат Aston Martin автомобилите. Всушност, британскиот производител стана синоним за Бонд филмовите, а традицијата продолжува и со најновата инсталација во франшизата – No Time to Die.

Без дилеми, најважниот Aston Martin кој се појавува во најновиот Бонд филм е DB5, а тука се и класичниот Series II V8 Vantage, новиот DBS Superleggera и секако супермоќниот Valhalla.

За да го промовира најновиот 007 филм, Aston Martin ги донесе своите Formula 1 возачи Себастијан Фетел и Ленс Строл да го испробаат DB5 и да се обидат да дрифтаат со него, сето тоа под надзор на Марк Хигинс, каскадерот од најновиот Бонд филм. Иако делува чудно што професионални F1 возачи мора да добијат инструкции од каскадер, сепак се покажува дека DB5 е многу потежок за правење шоу отколку што се мисли. Фетел некако успеа да го издрифта автомобилот, но Строл навистина се измачи.

Како си поминаа двајцата F1 пилоти и какви се задачи добија да направат со Aston Martin DB5 погледнете во прилог.

Поврзани вести

Back to top button