fbpx

РКЕ со ново поскапување за горивата

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе најновата одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја

Со својата најнова одлука, Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со својата методологија за утврдување на цените, ги поскапува цените во просек за 1,98 проценти во однос на минатата недела.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 3,938 проценти, а кај дизелот за 4,845 проценти. Во согласност со сето ова, од ноќеска на полноќ цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за денар и половина, додека Еуродизелот поскапува за 2 денари.

Тоа значи дека малопродажната цена на Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе чини 73,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75,50 денари, додека Еуродизел ќе се точи за 65 денари по литар гориво.

Поврзани вести

Back to top button