fbpx

Викенд тарифа: Хот хеч трка меѓу Golf GTI, Cupra Leon и Megane Trophy

Нова интересна драг трка ни пристигнува овој викенд, а во главната улога се омилените хот хеч модели во Европа - Golf GTI, Cupra Leon и Megane Trophy

Перформансните компактни хечбек модели се меѓу омилените на европскиот пазар, а има и причина за сето тоа. Токму затоа, во новата драг трка организирана од страна на Motorsport Magazine каналот на YouTube ги донесе на мегдан Golf GTI Clubsport 45, Renault Megane Trophy и Leon Cupra.

Унапредениот Golf GTI се напојува со 2,0-литарскиот турбо бензинец кој испорачува 300 КС, а од нула до „стотка“ стигнува за помалку од шест секунди. Францускиот адут користи 1,8-литарски турбо четирицилиндричен мотор кој исто така испорачува 300 КС и 420 Nm максимален вртежен момент, а од нула до „стотка“ стигнува за 5,7 секунди, што е мошне блиску до способностите на Golf GTI. Третиот натпреварувач пристигнува од Шпанија од перформансниот бренд Cupra. Ја користи истата поставка како Golf GTI, но има поинакви спецификации. Достапен е во конфигурација со 245 КС или 300 КС, а втората опција е иста како онаа кај GTI Clubsport 45.

Овие три хот хеч модели се мошне идентични, а сепак толку различни. Драг трката во видеото во прилог покажува јасно дека сличниот рецепт може да доведе до навистина различни резултати.

Поврзани вести

Back to top button