Детроит 2018: Премиера на Acura RDX Prototype
Филијалата на Honda во САД, марката Acura, понуди први детали за целосно новата генерација на моделот RDX
Филијалата на Honda во САД, марката Acura, понуди први детали за целосно новата генерација на моделот RDX, која ќе биде претставена за прв пат во форма на прототип за време на меѓународниот салон во Детроит, следниот месец. За новата Acura RDX Prototype од компанијата коментираат дека таа е развиена на целосно нова платформа и ќе биде првиот автомобил на марката од новата Precision Crafted Performance стилска линија, која ќе стави нова ера во историјата на луксузната марка.
Новата Acura RDX e првиот автомобил на компанијата, која е развиена во Америка и според изјавата на челниците ќе постави нови димензии во однос на внатрешна удобност со целосно нов дизајн, кориснички интерфејс и системи за дополнителен комфор.