fbpx

Nissan претстави четири ЕВ концепти како најава за нови 23 модели

Nissan ја засилува својата електрификациска програма со планот да лансира 23 нови електрифицирани модели до 2030, меѓу кои и 15 целосно електрични

Јапонскиот производител Nissan претстави четири свои концепти за електрични возила, а притоа ги потврди плановите за лансирање на 23 нови електрифицирани возила, од кои дури 15 ќе бидат целосно електрични. Ова е потврдени преку Ambition 2030 долгорочната визија на компанијата. Покрај новите модели и четирите концепти, Nissan истакна и дека компанијата ќе стане карбон-неутрална низ животниот циклус на нивните производи до 2050 година.

Во следните пет години, Nissan ќе инвестира 2 трилиони јени за да ја забрза електрификацијата на својата постава и степенот на технолошка иновација. Не помалку од 20 нови ЕВ и e-POWER опремени модели ќе бидат претставени во следните пет години, а до 2026, Nissan очекува 75 проценти од нивната продажба во Европа да ја сочинуваат електрифицираните модели. Во Јапонија, Nissan цели на 55 проценти, а во Кина повеќе од 40 проценти од продадени возила да бидат електрифицирани.

Nissan

„Улогата на компаниите да ги адресираат општествените потреби е зголемена. Со Nissan Ambition 2030, ќе ја придвижуваме новата ера на електрификацијата, напредните технологии за намалување на карбонскиот отпечаток и потрагата по нови бизнис можности. Сакаме да го претвориме Nissan да стане одржлива компанија која навистина им е потребна на клинтите и заедницата“, изјави извршниот директор на Nissan, Макото Учида.

Унапредување на технологијата

За да ја оствари својата визија, Nissan ќе продолжи да ги унапредува своите актуелни технологии за литиум-јонските батерии и да претстави технологија без кобалт со што ќе ја намали цената на батериите за 65 проценти до 2028 година. Исто така планира да лансира ЕВ со цврсти батерии до 2028 и ќе биде подготвен со пилот погон во Јокохама до 2024. Производителот очекува да ги намали трошоците за цврстите батерии до 75 долари по kWh до 2028 и има за цел да достигне паритет на трошоците со бензинските возила на 65 долари по kWh во иднина.

Nissan

Nissan исто така има за цел да го зголеми капацитетот за глобално производство на батерии до 52 GWh до 2026 и 130 GWh до 2030 година.

Четири концепти како дел од планот

Како дел од својата најава за Ambition 2030 Nissan претстави четири електрични концепти. Оваа постава е сочинета од моделите кои се наречени Chill-Out, Max-Out, Surf-Out и Hang-Out. Првиот концепт добива форма на елегантен концепт користејќи ја CMF-EV платформата на Nissan и добива двобоен сребрен и црн финиш. Nissan Max-Out е многу различен и претставува кабрио концепт со две седишта кој е дизајниран да „придонесе ново возачко искуство со својата суперлативна стабилност и удобност“.

Особено интересен е Nisѕan Surf-Out концептот. Станува збор за целосно електричен пикап камионет кој е дизајниран за испорача добри оф-роуд перформанси. На крајот, тука е Hang-Out концептот кој е креиран како мобилно место за живеење со рамен под и интересна постава на седиштата.

Nissan

Од Niѕsan не открија дали некој од овие концепти ќе се појави во продукциска форма, а исто така остана и таинствен кога станува збор за подеталните спецификации и детали.

Поврзани вести

Back to top button