fbpx

Nissan Ariya Single Seater концептот е електричен болид

Јапонскиот производител Nissan додаде има нов модел со Ariya името, а станува збор за Single Seater концептот кој го добива погонот на кросоверот

Електричниот кросовер на Nissan, моделот Ariya, ја доживеа својата премиера пред извесно време, а сега, јапонската компанија претстави уште еден возбудлив производ. Станува збор за Ariya Single Seater концептот, спиритуалното алтер его на кросоверот. Конкретно, фокусот тука е на погонот кој го користи електричниот кросовер и покажува што истиот може да постигне кога ќе биде вграден во футуристички спортски автомобил.

Станува збор за концепт со едно седиште, а Nissan го опишува како „високоперформансен истражувачки, развоен и демонстраторски проект“ кој има за цел да прикаже една поинаква апликација на погонот кој го користи Ariya.

Претставен на Nissan Futures настанот, кконцептот го користи истиот електричен систем како продукцискиот кросовер. За жал, производителот не ги откри неговите конкретни спецификации, иако најверојатно станува збор за најмоќната итерација на системот, која генерира 394 КС и 600 Nm максимален вртежен момент. Сите варијанти на Ariya се потпираат на 87 kWh батеријата, а верзијата Platinum+ e-4ORCE AWD има поставка со два електромотори.

Кога станува збор за дизајнот на самиот концепт, забележителен е миксот на одредени линии од Ariya како и акценти од учеството на Nissan во ABB FIA Formula E шампионатот. Дизајнерскиот тим зад проектот бил инспириран од „флуидните и ефикасни површини“ на електричниот кросовер, а Single Seater концептот „делува како да е оформен од самиот воздух“.

Nissan Ariya Single Seater

„Во Nissan се осмелуваме да направиме нешто што другите не смеат. Со овој Ariya Single Seater концепт, сакаме да го прикажеме високоперформансниот потенцијал на погонот на Ariya во пакет инспириран од мотоспортот, кој не само што потсетува на дизајнот и стајлингот на кросоверот од кој е инспириран, туку исто така демонстрира нов и ефикасен ЕВ перформансен јазик“, изјави Хуан Мануел Хојос, глобалниот маркетинг менаџер на Nissan.

Поврзани вести

Back to top button