F1 влегува во драматичен финиш, епски триумф на Хамилтон
Една од најлудите трки сезонава во Formula 1 го донесe она што љубителите на најбрзиот циркус на планетата - титулата ќе се решава во Абу Даби
Луис Хамилтон и Макс Ферстапен влегуваат израмнети во пресрет на последната трка од сезоната која следната недела ќе се вози во Абу Даби. Двајцата конкуренти за титулата влегуваат со ист број на бодови, а за тоа е заслужен Британецот, кој во една хаотична и драматична трка на Големата награда за Саудиска Арабија, по серија инциденти во текот на трката, успеа да го совлада темпераментниот Холанѓанец и се израмни на врвот на генералниот пласман.
Хамилтон дојде до својот 103-ти триумф во кариерата. Во лудата трка успеа да заврши пред главниот конкурент, а трет заврши Валтери Ботас, неговиот тимски колега, кој на самиот крај го претекна Естебан Окон. Вистинското лудило настапи во 10-тиот круг кога својот болид го уништи Мик Шумахер. На патеката излезе безбедносното возило, а Хамилтон и Ботас, во тој момент двајцата водечки возачи, одлучија тоа да го искористат за да влезат во боксот. Ферстапен се одлучи за еден поинаков потег и го презеде првото место.
SAFETY CAR (LAP 10/50)
Mick Schumacher crashes heavily and the Safety Car comes out
He reports he is okay over the radio 👍#SaudiArabianGP 🇸🇦 #F1 pic.twitter.com/H4mZXyZjMs
— Formula 1 (@F1) December 5, 2021
Тоа се покажа како мошне паметен, но и среќен потег, бидејќи во 13-тиот круг трката беше прекината поради инцидентот на Шумахер, па Ферстапен за време на паузата ги промени пневматиците. Само што започна трката, Хамилтон и Ферстапен водеа голема борба за првото место, а тимскиот колега на Мик Шумахер, Никите Мазепин, исто така го уништи својот болид и трката повторно беше прекината.
Ферстапен не бираше средства во битката
Во новиот рестарт на трката од првото место тргна Естебан Окон, од второто Хамилтон, а од третото Ферстапен, но возачот на Red Bull на стартот ги претекна и двајцата.
Two restarts with two very different dramatic outcomes 💥#SaudiArabianGP 🇸🇦 #F1 pic.twitter.com/U58wV9AK6e
— Formula 1 (@F1) December 5, 2021
Тоа не беше крајот на лудите случувања. Врвот на пресметката во Саудиска Арабија се случи во 38-миот круг, кога двајцата возачи се судрија во епската битка за бодови. Холанѓанецот тогаш се обиде да го осуети противникот да го заобиколи, дури и излезе од патеката, но потоа доби препорака да го пушти. Сепак, тоа го направи така што нагло запре, па дојде до судир. Ферстапен накратко повторно се врати на лидерската позиција, но FIA го казни возачот на Red Bull со пет секунди, па Хамилтон повторно беше водечки.
The big talking point from Jeddah 😱#SaudiArabianGP 🇸🇦 #F1 pic.twitter.com/bkWWqlcbyO
— Formula 1 (@F1) December 5, 2021
Could Lap 37 in Jeddah be one of the defining moments of the season? 🤯#SaudiArabianGP 🇸🇦 #F1 pic.twitter.com/vfrLzUVJW9
— Formula 1 (@F1) December 5, 2021
Хамилтон не го разбра потегот на ривалот
Левото крило од болидот на Mercedes беше оштетено, а конечното претекнување се случи во 43-тиот круг, па Хамилтон трката ја заврши со десет секунди предност и ја оствари својата 103-та победа во кариерата.
„Се тркам веќе долго време и можам да кажам дека ова беше неверојатно тешко. Се обидував да бидам раззумен колку што можев и да го користам своето искуство со цел болидот да го задржам на патеката и да возам чисто. Врз нас беа ‘фрлани’ различни работи и навистина сум горд на целиот наш тим и одличната публика. Red Bull има сиров ритам, беше тешко да ги претекнете, но навистина завршивме фантастична работа. Валтери е одличен за нашиот тим, а оваа победа е посветена на сите момци и девојки кои работат за нас во позадина. Ова беше неверојатна приредба. Се почувствував исклучително добредојден тука и ми беше прекрасно. Патеката е феноменална, тешко е и физички и ментално да се вози на неа, но јас тоа не би го менувал за ништо“, изјави возачот на Mercedes.
LEWIS HAMILTON TAKES THE 🏁
And with the fastest lap, he moves level in the championship race with Max Verstappen on 369.5 points!#SaudiArabianGP 🇸🇦 #F1 pic.twitter.com/hnHfPElD3J
— Formula 1 (@F1) December 5, 2021
Хамилтон се осврна и на инцидентот со кој го допре задниот дел од болидот на Ферстапен.
„Не разбирам зошто сопираше така. Поради тоа налетав на него. Беше малку конфузно“, изјави актуелниот шампион во Formula 1.
Одлуката паѓа следниот викенд
Така, одлуката за шампионот ќе падне следниот викенд на Големата награда на Абу Даби. Хамилтон во Саудиска Арабија го имаше и најбрзиот круг, па поради тоа доби дополнителен бод и така се израмни со Ферстапен на врвот.
„Многу работи се случија во текот на трката. Со некои од тие работи не се сложувам во целост, но тоа е што е. Се обидов да дадам се од себе, но не мислам дека пневматиците можа да потраат. Ми недостасуваа малку пневматици на крајот, но сепак сум на второто место“, изјави Ферстапен, кој потоа се осврна и на инцидентот со Хамилтон:
„Забавив, сакав да го пропуштам, бев на десната страна, но тој не сакаше да ме претекне и се судривме. Не разбирам што точно се случи таму. Се ќе се одлучи во Абу Даби и се надевам дека тоа ќе биде добар викенд“, изјави возачот на Red Bull.
Our top 🔟 under the lights!#SaudiArabianGP 🇸🇦 #F1 pic.twitter.com/cjkswSYiBn
— Formula 1 (@F1) December 5, 2021