Opel возилата имаа повеќе од успешна 2021 година
Моделите на германскиот производител Opel имаа мошне успешна година, а доказ за тоа се и големиот број на престижни награди кои ги освоија
Жирито составено од експерти и пошироката јавност се подеднакво импресионирани од моделите на Opel – бројните награди оваа година се доказ за тоа. „Интернационално комерцијално возило за 2021“ за Opel Vivaro-e и „Златен управувач за 2021“ за Opel Mokka-e се само неколку примери.
„Ние сме многу горди на овие награди, тие се знак на посветеноста и страста со која Opel постојано работи. Без оглед на тоа каква работа работат – во дизајн, инженерство или во канцеларија – сите наши вработени создадоа фантастични автомобили. На сите им должам голема благодарност“, истакна извршниот директор на Opel, Уве Хохгешурц. .
Opel Vivaro-e веќе беше прогласен за „Интернационално комерцијално возило за 2021“ на крајот на минатата година. Ценетиот трофеј потоа стигна до седиштето на Opel во Руселхајм пролетта. Ова беше почеток на серија награди за најпродавано лесно комерцијално возило со електричен погон. Само во Обединетото Кралство, Vivaro-e собра бројни награди како „Електрично комерцијално возило на годината“. Потоа, Combo (со мотор со внатрешно согорување или како целосно електричен Combo-e) собра многу награди низ Европа во текот на годината.
Новата Opel Mokka пристигна пролетта – смела, елегантна и сè освен не обична. Оттогаш, Mokka ги воодушевува медиумите и јавноста, неодамна целосно електричната Mokka-e ја освои наградата „Златен управувач 2021“, една од најпознатите награди во целата автомобилска индустрија. Врвните технологии кај неконвенционалниот SUV се исто толку одлучувачки како и стилот сведен на основните работи, што според магазинот Top Gear, ја прави Mokka „Дизајн на годината“. Човекот одговорен за сензационалниот изглед е потпретседателот за дизајн на Opel, Марк Адамс; доволна причина Automotive News Europe да го именува како „Eurostar 2021“.
Со Opel Manta GSe ElektroMOD, група вработени во Opel оваа година ја оживеаја вистинската автомобилска легенда и ја направија погодна за иднината. Електричната Manta GSe ElektroMOD разгорува емоции каде и да оди. Уникатниот еднократен модел навистина привлекува внимание – во Франција и Шпанија неодамна беше избрано за „Концепт автомобил на годината“.
Наградени модели на Opel/Vauxhall за 2021 година
Corsa | Best Fleet Supermini | Fleet World, ОК |
Value Car of the Year | News UK Motor Awards | |
Grandland X | SUV на годината во Дубаи | Autos Community, Дубаи |
Insignia Grand Sport | Деловен автомобил на годината | Kilometers Entreprise, Франција |
Најдобар горно среден автомобил | Business Car Awards, ОК | |
Manta GSe ElektroMOD | Концепт автомобил на годината | Car and Driver Magazine, Шпанија |
Концепт автомобил на годината | Automobile Awards, Франција | |
Mokka | Дизајн на годината | Top Gear, ОК |
Mokka-e | Златен управувач 20211 | Auto Bild / Bild am Sonntag, Германија |
Zafira Life | Grand Prix 2021 | Za Rulem, Русија |
Combo Cargo | Златен управувач “Најдобро комерцијално возило 2021” | Русија |
Надобро комерцијално возило на годината | Auto Express New Car Awards, ОК | |
Најдобро мало комерцијално возило | Parkers New Car Awards 2021, ОK | |
Најдобро мало комерцијално возило за трговци | Trade Van Driver Awards, ОK | |
Награда за лесно комерцијално возило | Company Van Today, ОK | |
Combo-e Cargo | Комерцијално возило на годината | What Car? Awards, ОK |
Електрично комерцијално возило на годината | What Van? Awards, ОK | |
Vivaro-e | Интернационално комерцијално возило на годината | IVOTY |
Комерцијално возило на годината | Van Fleet World, ОK | |
Најдобро електрично возило на годината | EV Fleet World, ОK | |
Eлектрично комерцијално возило на годината | Auto Express, ОK | |
Комерцијално возило на годината | Компанија Van Today, ОK | |
Green Award | Компанија Van Today, ОК | |
Средно комерцијално возило на годината | What Van? Awards, ОK | |
Vivaro-e HYDROGEN | Another One to Watch | What Van? Awards, ОК |
Марк Адамс | Eurostar 2021 | Automotive News Europe |
Vauxhall | LCV производител на годината | GreenFleet Awards, ОK |