Викенд тарифа: Dacia Duster, Lada Niva и Suzuki Jimny во оф-роуд драг трка
Dacia Duster, Lada Niva и Suzuki Jimny се најголеми конкуренти кога станува збор за економични и достапни модели според цената, но и нивните оф-роуд карактеристики
SUV моделите со вистински оф-роуд способности секогаш се интересни за купувачите, а меѓу најдостапните на пазарот, кога станува збор за цената, се Dacia Duster, Lada Niva и Suzuki Jimny. Во најновото видео објавено од Carwow, се прикажани трите модели во серија на оф-роуд трки и предизвици. Трите автомобили следат различни фолозифии, но нивната цел на крајот на краиштата е секогаш иста – да се стигне до врвот што е можно побрзо.
Сите три модели имаат мали мотори под хаубата. Jimny користи 1,5-литарски природно аспириран мотор кој испорачува 101 КС. Duster моделот во оваа трка исто така има 1,5-литарски агрегат, но е турбо дизел со 115 КС. На крајот, тука е Niva со својот докажан 1,7-литарска единица со 85 КС. Очигледно е дека моделите не изобилуваат со моќност, но моќноста не е се кога станува збор кај оф-роуд перформансите, а како тие се снајдоа во овој предизвик, погледнете во видеото во прилог.