fbpx

Aston Martin DBX707 – Најмоќниот SUV на светот

По неколкуте официјални тизери и најави, Aston Martin го претстави перформансниот знаменосец во поставата на својот SUV наречен DBX707

Aston Martin го оствари своето ветување за време на тизер кампањата, претставувајќи го најмоќниот луксузен SUV на светот, новиот DBX707. Со своите 707 КС, како што стои и во името на моделот, DBX707 пристигнува со тјуниран битурбо V8 комбиниран со нова трансмисија, унапредувања на шасијата и визуелни подобрувања.

Aston Martin DBX707

Почнувајќи со погонот, битурбо 4,0-литарскиот V8 од AMG доби унапредувања од инженерскиот тим на Aston Martin со цел испорачува 707 КС и 900 Nm максимален вртежен момент. Ова претставува масивни 157 КС и 200 Nm повеќе во однос на стандардниот DBX со V8 мотор. Како резултат на тоа, DBX707 е помоќен од било кој друг SUV во моментов достапен на пазарот.

Со цел да ја префрли сета оваа моќност на патот, DBX707 добива нов деветстепен менувач кој го заменува конвертерот на максималниот вртежен момент на DBX за побрзо менување на брзините. Така, во комбинација со променетиот систем за погон на сите четири тркала и унапредениот диференцијал со ограничено пролизгување, овој SUV може да достигне од нула до „стотка“ за 3,2 секунди. Aston Martin вели дека максималната брзина е 310 километри на час, што го прави DBX707 најбрзиот модел во сегментот на луксузни SUV модели.

Побрувања на шасијата и екстериерот

За подобри возачки динамики, DBX707 добива серија подобрувања на шасијата во однос на стандардниот модел. Овие промени вклучуваат нова поставка за адаптивниот воздушен систем на потпирање со тројна комора со нови вентили за амортизерите и рекалибрирани спирални пружини, за управувањето и електронските системи. Сопирачката моќност исто така е подобрена благодарение на стандардните карбон-керамички дискови со големина од 420 милиметри напред и 390 милиметри позади, со шапи на сопирачките со шест клипови.

Aston Martin DBX707

Кога станува збор за екстериерот, DBX707 добива уште поагресивен изглед благодарение на редизајнираниот боди-кит, потенцирајќи ги унапредените перформанси. На предниот дел промените вклучуваат поголема решетка опколена со нови отвори за воздух и дневни светла, како и понагласен сплитер. Овие додатоци не се дизајнирани само за изглед, туку ја унапредуваат аеродинамиката и нудат подобро ладење на моторот, менувачот и сопирачките.

Опционалните 23-инчни тркала ги засилуваат пропорциите и управливоста, додека страничните прагови имаат интегрирани перки кон задниот дел. Задниот дел добива импресивен дифузер во F1 стил кој се истакнува од долниот дел на браникот, а во него се наоѓаат поголемите четири издувни цевки и вертикални отвори за воздух. На крајот, острата екстензија на задниот спојлер дополнително придонесува за драматичниот изглед.

Aston Martin DBX707

Унапреден ентериер

Во кабината возачот ќе наиде на редизајниран долен дел од централната конзола која добива и нови селективни команди за возачкиот режим, вклучително и посебни копчиња за режимот на системот на потпирање, ESP, режимот за мануелна селекција на брзините и контролата за активен издув, овозможувајќи му на возачот лесно и брзо да ги селектира своите преференци без да ги бара командите низ инфозабавниот систем како кај стандардниот DBX.

Друг додаток се стандардните спортски седишта со 16-насочно електронско прилагодување и греење. Постојат три избори за изработката на ентериерот, а базичната опција нуди микс на кожа и Алкантара во комбинација со пијано црн фурнир. Секако, Q by Aston Martin е тука за оние клиенти кои ќе посакаат поголема персонализација кога станува збор за боите, тримот и материјалите.

Производството треба да започне во првиот квартал, а првите испораки на Aston Martin DBX707 се закажани за вториот квартал од 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button