fbpx

Cupra Leon добива уште помоќен изглед благодарение на VZ Cup

Cupra продолжува да расте како марка, а перформансниот подбренд на Seat најави нов трим за моделот Leon, кој сега делува уште поспектакуларно

Две години по премиерата Leon, перформансниот подбренд на Seat, Cupra, продолжува да вложува во неговиот изглед, со цел да го направи уште покарактеристичен и да делува помоќно. Резултат на ова е Cupra Leon VZ Cup – новиот трим во понудата кој оддава почит на Cupra Racing Cup Competition моделите.

Leon VZ Cup е достапен и во хечбек и во караванска изведба. Унапредувањата на екстериерот и ентериерот делуваат како карактеристики кои прават моделот да отскокнува во однос на стандардните Cupra Leon модели, иако не треба да се очекуваат перформансни унапредувања.

Cupra Leon VZ Cup

Од надвор, Leon VZ Cup пристигнува со голем број аеродинамички подобрувања, вклучително карбонски заден спојлер во бакарен финиш и Dark Alu странични прагови. Бакарните карбонски капаци за ретровизорите се достапни како опција, а тоа соодветствува со сетот 19-инчни тркала од лесна легура. Тркалата со бакарна боја се обложени во Bridgestone перформансни пневматици.

Cupra Leon VZ Cup

Седиштата, управувачот и контролната табла се обложени во Genuine Black или Petrol Blue кожа, но акцентите се во бакарна боја. Ова за првпат беше претставено со Cupra Formentor VZ5 кросоверот. „Супер-спортските“ седишта се поставени ниско во кабината со цел да се максимизира просторот и, според марката, да се добие поергономска позиција.

Без промени во перформансите

Погонските опции кај Cupra Leon се недопрени во новото VZ Cup ниво на опременост. Тоа значи дека врвот во понудата на овој модел можете да го добиете во plug-in хибридна форма кој е комбинација на 1,4-литарски бензински мотор и електромотор за вкупна моќност од 245 КС и 400 Nm. Cupra Leon AWD караванот и понатаму е најмоќниот член во поставата и се напојува со турбо 2,0-литарски TSI мотор кој испорачува 310 КС и 400 Nm.

Cupra ќе започне со испорака на Leon VZ Cup до март 2022 година. Цената во Германија за Leon VZ Cup 2.0 TSI хечбекот стартува од 47.160 евра, додека Cupra Leon Sportourer VZ Cup 2.0 TSI 4Drive почнува од 48.675 евра.

Поврзани вести

Back to top button