fbpx

Цените на горивата во земјава и понатаму поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја

Горивата во Македонија и понатаму го следат трендот на поскапување. Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати, одлучи повторно да ги поскапи горивата и тоа за 1,93 проценти во споредба со цените кои важеа изминатата недела.
Според одлуката, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, заедно со Еуродизелот, од вечерва на полноќ ќе поскапат за денар и половина.
Со други зборови, ова значи дека Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 84 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 86 денари, а за секој литар наточен Еуродизел ќе се плаќа 75,50 денари.
Ова поскапување на горивата до некаде и беше реално да се очекува со оглед на поскапувањето на нафтата на глобалниот пазар, а од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на светските берзи бележат зголемување во просек за 2,7 проценти кај бензинот и речиси 2 проценти кај дизелот.

Поврзани вести

Back to top button