Електричниот Nissan LEAF со 300.000 продажби
NISSAN објави дека компанијата регистрирала продажба со реден број 300.000 на првиот во светот целосно електричен масовен автомобил- LEAF, од лансирањето на пазарот во 2010 година
„Овие резултати покажуваат дека Nissan LEAF продолжува да биде најбараниот електричен автомобил во светот, со најголема покриеност и најдобра достапност”, истакнаа од брендот. „Новиот Nissan LEAF е иконата на Nissan Intelligent Mobility бидејки тој нуди уште повозбудливо управување и поголемо задоволство од сопственоста, а придонесува и за еден нов подобар свет. Тоа уште повеќе ќе ја зајакне лидерската позиција на електричните возила на Nissan”.
Nissan ја претстави целосно новата генерација на LEAF во есента минатата година и само два месеци подоцна во Европа тој генерира 10.000 нарачки. Со целосно нов дизајн и технологии, вклучувајки го и единствениот за индустријата систем за забрзување / намалување e-Pedal, новиот LEAF доаѓа со зголемена автономија до 378 километри, со моќност на погон од 110 kW (150 КС) и 320 Nm вртежен момент, како и способност да полнење до 80% за само 40 минути.