fbpx

Утре е последниот ден од гласањето за Златно тркало 2022

Гласањето за наградите Златно тркало 2022 се пред самиот крај, а утре е последниот ден кога ќе можете да го изберете вашиот фаворит во Националниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија

Наградата Златно тркало полека, но сигурно прераснува во традиција, а оваа година се одржува третото издание на Националниот избор за најпосакуван автомобил во нашата земја. Гласањето започна на 1 март и ќе трае до утре (15 март) кога ќе биде последниот ден во кој ќе можете да го изберете вашиот фаворит во секоја од петте категории.

За потсетување, во изборот влегоа 15 автомобили кои се поделени во пет различни категории – Најпосакуван градски автомобил, Најпосакуван семеен автомобил, Најпосакуван електрифициран автомобил, Најпосакуван премиум автомобил и Главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија.

Златно тркало е единствениот избор во Македонија во кој сите вљубеници во автомобилите можат да го дадат својот глас и да го изберат Најпосакуваниот автомобил во нашата земја. Гласањето се одвива на централниот сајт.

Затоа, во случај да не сте ја завршиле вашата „должност“ како автомобилски ентузијаст, посетете го сајтот на Златно тркало и изберете ги вашите фаворити во секоја од категориите. Со цел да ги приближиме сите кандидати поблиску до вас, Авто Плус и останатите организатори (CarClub, RPM и CarsByVik) подготвија серија тестови, постови и видеа чии линкови се наоѓаат под секој финалист на централниот сајт. Вам Ви останува да разгледате, размислите и да го дадете вашиот глас.

Поврзани вести

Back to top button