Рекордна година за Jaguar Land Rover
Jaguar Land Rover објави дека и покрај сложеноста во настапот на некои од главните светски пазари, во 2017, компанијата ја евидентира најдобрата година во својата историја
Вкупната реализација на фирмата достигна ниво од 621.109 автомобили, што претставува подобрување од 7% во однос на календарската 2016 и е повеќе од три пати поголема во споредба со 2009 година. Со продажбата на 442.508 возила, Land Rover ја заврши 2017 година со раст од 2%, а најдобро продаваниот модел на брендот беше Discovery Sport со 126.078 плсирани единици. Брендот, исто така, ја истакнува силната реализација на Range Rover Evoque и Range Rover Sport со повеќе од 190.000 единици во 2017 година. Кај Jaguar порастот за изминатата година е цели 20%, до ниво од 178.601 единици, а главните „виновници“ за успехот се F- PACE, XE и XF, како и целосно новиот XF Sportbrake.
Од Jaguar Land Rover коментираат дека најмногу производи на компанијата во изминатата година биле реализирани во Кина 14. 399, или + 23%, а во Северна Америка продажбата се подобри за 9%, до 128.097 единици.Jaguar Land Rover ја заврши 2017 година со 160 меѓународни награди, вклучувајќи ја и онаа за Светски автомобил на годината доделена на F- Pace.