fbpx

Регулаторна ги поевтинува бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за утврдување на малопродажните цени на горивата во нашата земја

Во согласност со методологијата за утврдување на цените на горивата во нашата земја, Регулаторната комисија за енергетика ја донесе најновата одлука за малопродажните цени на бензините и дизелот која ќе започне да важи од ноќеска на полноќ. Според најновата одлука на РКЕ, цените на горивата се намалуваат во просек за 1,40 проценти во однос на претходно.

Ова значи дека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар, додека цената на Еуродизелот се намалува за 2 денари во однос на претходно.

Со други зборови, од ноќеска на полноќ за еден литар Еуросупер БС-95 ќе се плаќа 80 денари по литар, за Еуросупер БС-98 ќе треба да се издвојат 82 денари, а литар Еуродизел ќе чини 80 денари по литар наточено гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,34 проценти, а кај дизелот за 2,58 проценти.

Поврзани вести

Back to top button