Горивата од ноќеска повторно поскапуваат
Регулаторната комисија за енергетика според својата најнова одлука повторно ги поскапува цените на горивата во нашата земја
Во согласност со својата методологија за утврдување на цените, Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги поскапи горивата во нашата земја во просек за 1,73 проценти во однос на одлуката која беше донесена минатата недела.
Ова значи дека од ноќеска на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за два денари, додека Еуродизелот ќе се продава за денар и половина повисока цена.
Конкретно, ова значи дека за литар Еуросупер БС-95 ќе треба да се издвојат 86 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 88 денари, додека литар Еуродизел ќе се точи по цена од 87 денари.
Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за речиси 2,35 проценти, а кај дизелот за 2,5 проценти.