fbpx

SEAT забележа рекорд во 2017 година

Шпанскиот производител на автомобили SEAT објави дека минатата година компанијата пласирала рекордни 468.400 нови автомобили

Резултатот од 2017 е за 14,6% подобар од претходната година и најдобро достигнување на брендот од 2001, па наваму. Со раст во продажбата од речиси 46% во споредба со 2012 година, SEAT е еден од најбрзо растечките брендови на европскиот пазар за изминатата година. Шпанскиот производител евидентира историски рекорди на главни пазари, како Германија и Велика Британија, а и импресивни остварувања има во Австрија, Швајцарија, Израел, Чешка и Мароко и општо подобрување во однос на 2016 година во износ од речиси 60.000 возила.

1. Arona | SEAT
2. Ateca | SEAT
3. Ibiza | SEAT

     

    Фактор на сериозниот успех за SEAT минатата година беше Ateca, со придонес од 78.700 продажби и тоа во својата прва цела година на пазарот. Со зголемување на побарувачката од 2,9% и бестселер Leon исто така е во подем, со вкупна продажба од 170.000 единици во 2017. Подобрување од 0,6%, до 152.300 единици, исто така, беше забележано во продажбата на Ibiza.

    SEAT Leon

    SEAT

    -Причината за нашите успешна продажба е производната офанзива, која започна во 2016 година со Ateca и ја продолживме во 2017 со обновениот Leon, петтата генерација на Ibiza и новата Arona, коментира Вејн Грифитс, потпретседател на единицата Продажаби и Маркетинг на SEAT.

    -Не само што постигнавме најдобри резултати од 2001 година па досега, но, исто така, станавме една од најбрзо растечките брендови во Европа и сме на пат да ги зголемиме нашите продажни простори. Ние го реновиравме нашиот асортиман на производи и очекуваме целосното влијание на Аrona во продажбата за 2018 година. Офанзивата на производите на SEAT ќе продолжи и оваа година, кога брендот ќе лансира нов голем SUV модел на пазарот за седум патници.

    Поврзани вести

    Back to top button