fbpx

Kia официјален превозник на Australian Open и годинава

Kia Motors обезбеди 120 специјално опремени автомобили за потребите на годинашново Отворено првенство на Австралија во тенис

Официјалната церемонија на предавање на флота се одржа во близина на Melbourne Park, каде официјалните лица на Аustralian Open презедоа 60 возила од моделот Sorento, 60 Carnival и уште толку Stinger. Автомобилите ќе транспортираат натпреварувачи, официјални гости, организациски тимови, фанови на тенисот, медиумски претставници и ВИП гости во рамките на турнирот, кој ќе започне на 15 јануари и ќе трае до 28 јануари.

-Аustralian Open е прекрасен спортски настан кој радува милиони фанови низ светот, коментира Демјан Мердит, главен оперативен директор на KIA Австралија. -За нас е задоволство како генерален спонзор да сме движечката сила на еден од најпопуларните спортови во светот, не само преку обезбедување на стилски, удобни и сигурни транспортери за учесниците на турнирот, но и преку ангажирањето на навивачите со атрактивни оф и онлајн иницијативи, кои ја делат нашата возбуда и страст за тенисот.

-Веќе со години наназад првиот знак за почетокот на Аustralian Open е пристигнувањето на автомобилите на Kia во Мелбурн, кои обезбедуваат удобeн превоз од градот до Melbourne Park на најдобрите тенисери во светот, изјави Крејг Тилеј, извршен директор на Аustralian Open.-Ние се гордееме со долгогодишното партнерство со Kia и јас повторно со задоволство ги препорачувам нивните модели кои се неизбежен декор на турнирот во следните неколку недели.

Инаку ова е 17-та година по ред за Kia како партнер на Аustralian Open и 14-та за односите на брендот со Рафаел Надал, тенисерот број еден во светот. Се планира автомобилите да минат околу 300.000 километри за време на турнирот.

Поврзани вести

Back to top button