fbpx

ЕУ одби да ја олабави забраната на мотори на внатрешно согорување

И покрај тоа што автомобилската индустрија лобираше да се одбие таргетот за 2035, законодавните тела на Европската унија одбија да ги олабават условите

Пратениците во ЕУ гласаа за поддржување на забраната за производство и продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година и покрај обидите на индустриските групи и конзервативните политичари да го олабават предлогот. Европскиот парламент го отфрли амандманот кој би го олеснил барањето од автомобилските производители да ги намалат емисиите за 90 отсто до 2035 година, наместо 100 отсто колку што Европската комисија предложи минатата година.

Законот се уште не е конечен. Сепак, гласањето го потврдува ставот на парламентот за претстојните преговори со земјите од ЕУ за финалниот закон. Ако тогаш се постигне договор, тоа всушност ќе значи крај на автомобилите со мотор на внатрешно согорување во Европа, означувајќи радикална ревизија на формата на транспорт што доминира повеќе од еден век. Тоа, исто така, ќе биде клучна победа за климатската агенда на блокот, при што транспортниот сектор се покажа како еден од најтешките за декарбонизација.

Целта на забраната е да се забрза преминувањето на Европа кон електрични возила и да се охрабрат производителите на автомобили да инвестираат повеќе во електрификацијата, потпомогнати со друг закон на ЕУ кој ќе бара од земјите да инсталираат милиони полначи за возила, пренесува Bloomberg.

„Купувањето и возењето автомобили со нулта емисија на штетни гасови ќе станат поевтини за потрошувачите“, рече Јан Хуитема, главен преговарач на парламентот за политиката.

Пратениците од конзервативната Европска народна партија – како и други десничарски групи – се обидоа да ја намалат забраната, истакнувајќи ја загриженоста за потенцијалните загуби на работни места во индустријата.

ЕУ

Неизвесна судбината на алтернативните е-горива

Индустриските групи, вклучително и германската авто-асоцијација VDA, лобираа кај законодавците да ја отфрлат оваа цел за 2035 година, за која рекоа дека ги казнува алтернативните горива со ниска содржина на јаглерод диоксид и дека е премногу рано да се посветат на тоа, со оглед на неизвесното ширење на инфраструктурата за полнење.

Производителите на автомобили, вклучувајќи ги Ford и Volvo, јавно го поддржаа планот за стопирање на продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување во Европа до 2035 година, додека други, вклучително и Volkswagen, имаат за цел да престанат да продаваат автомобили со мотори со согорување во Европа до тој датум.

Пратениците, исто така, гласаа против амандманот кој ќе им овозможи на производителите на автомобили да купуваат кредити за т.н. е-горива. Тие синтетички горива, направени со заробен јаглерод диоксид, со водород произведен од обновливи извори, се сметаа како начин да се задржи моторот на внатрешно согорување.

Поврзани вести

Back to top button