РКЕ подготви ново поскапување на горивата
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука која се однесува на малопродажните цени на горивата во земјава
Во согласност со методологијата за утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ ја донесе најновата одлука за цените на горивата. Според истата, цените ќе се зголемат во просек за 1,89 проценти во однос на претходната одлука.
Ова значи дека бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапат за 1,5 денари, додека цената на Еуродизелот се зголемува за 3 денари.
Со други зборови ова значи дека од ноќеска на полноќ за еден литар бензин Еуросупер БС-95 ќе плаќаме 111,50 денари, за литар Еуросупер БС-98 ќе мораме да издвоиме 113,50 денари, додека за еден литар Еуродизел ќе мораме да платиме 107,50 денари.
Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 1,249 проценти, а кај дизелот за 3,681 процент.