Регулаторна ги намали цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе најновата одлука која се однесува на малопродажната цена на горивата во земјава
Согласно својата методологија за утврдување на малопродажните цени на горивата во Македонија, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која врши намалување на цените во просек за 0,82% проценти во однос на последната одлука од 23.06.2022 година.
Ова значи дека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар, додека цената на дизелот се намалува за половина денар.
Со други зборови, од ноќеска на полноќ еден литар Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 109 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 111,50 денари, додека Еуродизел ќе се продава за 109 денари за секој литар наточено гориво.
Од Регулаторна истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,945 проценти, додека кај дизелот има намалување за 1,17 проценти.