Детроит 2018: Honda покажа конкурент на хибридниот Prius
Honda конечно го обелодени својот компактен седан Insight со хибриден погон на салонот во Детроит
Моделот ќе излезе на пазарот во САД уште ова лето. И покрај тоа што Honda Insight доби за оваа прилика додаток во името Protype, сепак тоа е 90% сериски примерок. Новата генерација на хибридот е изградена врз основа на моделот Civic, а и архитектурата на кабината целосно потсетува на донаторската машина. Само линијата на покривот е закосена поради аеродинамиката.
Honda Insight доби индивидуален распоред на предниот и задниот дел на каросеријата со сопствена оптимална оптика и пластични браници.
Во ентериерот централно место зазема 8-инчен екран чуствителен на допир за медиумскиот комплекс со Apple CarPay и Android Auto, како и Wi-Fi. Новиот Honda Insight ќе биде опремен со хибриден погон од третата генерација, кој вклучува 1.5-литарски бензински четирицилиндерски агрегат, електромотор и литиум-јонска батерија. Параметри за моќноста засега не се откриваат, но од Honda ветуваат ниска потрошувачка на гориво, помалку од 4,5 литри на 100 километри.