Peugeot со необична изложба на новиот 408 во подвижна сфера
Новиот Peugeot 408 е еден од најпривлечните нови возила, а францускиот производител на еден поинаков начин го прикажа пред светот
Поставен во сфера новиот Peugeot 408 се ротира и го покажува новиот модел од секој агол. Транспарентната поставка „Sphere“ е тотално неочекувана, како и дизајнот на овој модел претставен од Брендот минатиот јуни.
Со својот уникатен изглед на динамичен и иновативен fastback, новиот Peugeot 408 возбудливо привлекува сечии погледи. Талентиран тим од уметници, инженери и техничари од париското креативно студио “Superbien” го спроведоа проектот замислен од агенцијата “OPEN” и го трансформираа во реалност која навистина може да се каже дека го одзема здивот и се чини дека ѝ пркоси на гравитацијата.
Овие дизајнери на уникатни, оригинални инсталации ја создадоа оваа уникатна поставка; со „Sphere” за која се поставуваат многу прашања: Каде е врвот? Каде е дното? Како може новиот Peugeot 408 да се врти наопаку или да се извртува и да се движи на толку необичен начин? Одговорот е: оваа транспарентна поставка наречена „Sphere“ го опкружува автомобилот и на тој начин го прикажува од сите агли.
Оваа оригинална „подиум топка“ беше претставена во исклучителниот амбиент на Louvre-Lens; новиот Peugeoot 408 со својот спортски и флуиден дизајн е направен како уникатно уметничко дело, кое многу веројатно повторно ќе блесне на други настани.
Необична изложба
„Навистина ни се допадна идејата за ова краткотрајно уметничко дело, кое е оригинално и атрактивно за гледање, и кое совршено го истакнува нашето ново постигнување. Оригиналниот стил на новиот Peugeot 408 беше пофален од многу луѓе кои веќе имаа можност да го откријат. Претставен на многу оригинален начин, во величествениот и модерен амбиент на објективот Louvre Lens”, вели Линда Џексон, извршен директор на брендот Peugeot.
“Peugeot се движи напред и воведува новини во сите области. Транспарентната „Sphere“ дизајнирана за новиот Peugeot 408, ја покажува грациозноста и шармот на нашиот нов модел од сите страни. Оваа креација е совршено во согласност со глобалниот израз на Peugeot на нов идентитет на брендот”, додава Фил Јорк, директор за маркетинг и комуникација за брендот Peugeot.
Инаку, краткиот филм со наслов „Неочекувано од секој агол“, е снимен во Louvre-Lens во средината на јули 2022 година.