fbpx

Регулаторна ги поскапува горивата

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе најновата одлука за малопродажните цени на горивата во земјава

Во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ ја донесе најновата одлука за цените на горивата. Според истата, цените ќе се зголемат во просек за 0,46 проценти во однос на претходната одлука, што е промена во однос на трендот од последните неколку одлуки на Регулаторна.

Според најновата одлука, од ноќеска на полноќ ќе поскапат и бензините и дизелот. Конкретно, ова значи дека бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапат за половина денар, додека цената на Еуродизелот се зголемува за денар и половина.

Со други зборови, според оваа одлука од ноќеска на полноќ за еден литар бензин Еуросупер БС-95 ќе плаќаме 89 денари, за литар Еуросупер БС-98 ќе мораме да издвоиме 91,50 денари, додека за секој еден литар Еуродизел ќе мораме да издвоиме по 93,50 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 0,065 проценти, а кај дизелот за 1,97 проценти.

Поврзани вести

Back to top button