fbpx

Регулаторна ги намалува цените на горивата

Со својата најнова одлука, Регулаторната комисија за енергетика ги намалува малопродажните цени на горивата во нашата земја

Во согласност со својата методологија за утврдување на малопродажните цени на нафтените деривати, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на цените на горивата во просек за 1,25 проценти во однос на претходната одлука.

Според ова, РКЕ одлучи од ноќеска на полноќ бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, заедно со Еуродизелот, да поевтинат за еден денар.

Ова значи дека до следната промена на цените, за литар Еуросупер БС-95 ќе треба да се издвојат 84,50 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе чини 87 денари, додека за секој литар Еуродизел ќе мораме да издвоиме по 97 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 3,2 проценти, а кај дизелот за 2,6 проценти.

Поврзани вести

Back to top button