fbpx

Volkswagen создава посебен оддел за електрични и автономни возила

Volkswagen се реорганизира за да ги комбинира новите полиња на електромобилност и дигитализација во дивизијата New Mobility

Volkswagen создава нова дивизија специјално за да работи на развој на електрични и автономни автомобили. Наречена „New Mobility“, одделот ќе ја преземе одговорноста за тековните возила со ознаката ID и идните електрични автомобили кои ќе се засноваат на новата SSP архитектура за електрични автомобили на групацијата VW.

Овој spin-off ддел ќе ја преземе одговорноста и за проектот Trinity на Volkswagen, пренесува Automotive News Europe. Проектот создава нова генерација на електрични автомобили, а на врвот од понудата ќе се најде седан модел кој ќе биде достапен во 2026 година со автономија од Ниво 4. Тоа е едно скалило под Ниво 5, каде што „возачите“ буквално нема да мораат да прават ништо, но и Нивото 4 ќе овозможи возење без раце во повеќето ситуации.

Новиот оддел ќе го води Томас Улбрих, 30-годишен ветеран на Volkswagen, кој моментално е шеф за развој на компанијата. Auto News известува дека Улбрих добил голема база на обожаватели меѓу директорите на Volkswagen откако го извлекол електричниот хечбек ID.3 од проблемите со софтверските грешки.

Назначувањето на Улбрих, исто така, ќе му донесе место во надзорниот одбор на софтверската единица на Volkswagen, Cariad, идејата е дека тој ќе ги подобри врските меѓу Cariad и одделот за развој на VW, кој сега ќе го води Каи Груениц. Груентиз претходно имаше еквивалентна улога во одделот за комерцијални возила на Volkswagen каде една од неговите одговорности беше ID.Buzz електричниот миниван.

E-mobility Board Member Thomas Ulbrich and the Volkswagen ID. Charger.

VW не соопшти колкава ќе биде дивизијата New Mobility, но најверојатно ќе вклучува развојни инженери и интердисциплинарен тим фокусиран на батерии и софтвер, како и развој, производство, купување и контрола.

Поврзани вести

Back to top button