fbpx

Поскапувањата продолжуваат, дизелот повторно над „100-ка“

Трендот на поскапување на горивата во нашата земја никако не стивнува, а денеска РКЕ ја донесе најновата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати

Цените на горивата продолжуваат и понатаму да растат, а Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со својата методологија, ги утврди најновите малопродажни цени кои ќе важат во следниот период, односно до утврдувањето на новите цени. Според најновата одлука на РКЕ, малопродажните цени на горивата од вечерва на полноќ ќе поскапат за 2,43 проценти во однос на одлуката која беше донесена на 7 октомври.

Согласно одлуката, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за 2,5 денари, Еуросупер БС-98 поскапува за два денари, додека дизелот ќе скокне за три денари по литар.

Ова значи дека од вечерва на полноќ, литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за цена од 89 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 91 денар, додека дизелот повторно ја надмина границата од 100 денари, односно ќе чини 100,5 денари за секој литар наточено гориво.

Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување на светските берзи и тоа кај бензинот за нешто над 2 проценти, а кај дизелот за речиси 4,5 проценти.

Поврзани вести

Back to top button