РКЕ ги намалува цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата во земјава, според која од вечерва ќе имаме поскапување на дизелот, а поевтинување на бензините. Конкретно, цените се намалуваат за 1,47 проценти во однос на последната одлука.
Согласно методологијата за утврдување на цените, РКЕ одлучи цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 да се намали за половина денар, додека пак Еуродизелот поевтинува за 2,5 денари.
Ова значи дека за литар Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе треба да плаќаме 93,5 денари по литар, а за литар Еуросупер БС-98 ќе издвојуваме 96 денари. Истата цена ќе важи и за Еуродизелот, па така за секој наточен литар дизел гориво ќе издвојуваме 96 денари.
Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,137%, а кај дизелот намалување за 3,126 проценти.