fbpx

Nissan покажа папучи што „паркираат” сами?!

Производството на чевли дефинитивно не е во портфолието на Nissan, но оваа компанија ги направи „најпаметните папучи“

Развиени во целост од страна на јапонската компанија, папучите се опремени со автономен систем за управување, како и новиот електричен автомобил Leaf. Како и кај автомобилите, технологијата ProPilot Park, им овозможува на влечките да се движат и да паркираат независно, за да одржат ред и хармонија во домот. Паметните папучи се опремени со истите сензори и алгоритми како и автомобилите на Nissan.

Nissan паметни папучи
1 | папучи
2 | папучи

    Иако тие се далеку од трендовските стилови, „беспилотните” влечки имаат мотор и тркала. Доволно е да притиснете едно копче на далечинскиот управувач за да стигнете до саканите места, или да ги „паркирате“. Јапонскиот гигант целосно обнови една од традиционалните ryokan куќи во својата татковина, недалеку од Токио, со елементи на својата нова ProPark Pilot технологија.

    Поврзани вести

    Back to top button