fbpx

Првиот електричен автомобил на Volvo ќе биде хечбек

Првиот во историјата на шведскиот производител Volvo, целосно електричен модел, ќе се појави на пазарот во 2019 година

Ова ќе биде хечбек, развиен во соработка со кинеската компанија Geely, пишува весникот Autocar, кој се повикува на свои извори. Премиерата на автомобилот ќе биде следната година, а дизајнот се повторува речиси целосно како на концептниот модел Volvo 40.2 , претставен во 2016 година. Првично Швеѓаните имаа намера да им понудат на своите клиенти електрични кросовери, но на крајот се одлучиле да направат хечбек.

Volvo

 

Јадрото на моделот ќе биде модуларната CMA архитектура, развиена заеднички од Volvo и Geely.

Дизајнот на шасијата овозможува користење на 4-цилиндерски бензински и дизел мотори, како и електрични мотори. Со едно полнење ќе може да се минат околу 500 km. Според прелиминарните податоци, цената на идниот модел ќе се движи од 35.000 до 50.000 долари. Толку чини и Tesla Model 3, но за ривал на својата изведба на струја Швеѓаните го посочуваат електричниот хечбек I.D., подготвуван од брендот Volkswagen.

Volvo

 

Поврзани вести

Back to top button