fbpx

Женева 2018: Hyundai покажа како ќе изгледа новото Santa Fe

Hyundai објавi скици на следната генерација на моделот Santa Fe, чија светска премиера ќе се одржи на салонот за автомобили во Женева, во март

Судејќи според скиците, моделот ќе го следи сосема нов тренд на брендот, бидејќи неодамна лансираните кросовери на марката, Kona и Nexo, изгледаат слично.

Засега, Корејците не нудат технички информации за автомобилот, всушност нема никакви детали за моторите или платформата што ќе ја користат. Се знае само дека новата Santa Fe ќе добие систем за предупредување за совозачкото седиште одзади, како и автоматски систем за сопирање во случај на судир со друго возило, новини од светот на безбедноста развиени за ова остварување.

Семејството Santa Fe моментално е достапно во верзии со 5 или 7 седиштата. Моделот Hyundai е достапен со 2.4-литарски бензински мотор со 171 КС како и 2.2 со 197 КС- дизел. Топ моделот со 3.0-литарски бензински мотор развива 249 КС.

Santa Fe

Поврзани вести

Back to top button