VW го лансира I.D. на крајот од 2019 година
Првиот целосно електричен модел на Volkswagen, хечбекот I.D. со пет врати, ќе биде лансиран во ноември следната година од Цвикау, во Германија, а испораките на потрошувачите ќе бидат доставени во 2020 година
Моделот ќе биде првиот што ќе е изграден на платформата на VW групата за електрични автомобили – MEB. Германскиот гигант веднаш најави смели планови за моделот – 100.000 автомобили годишно од 2020 па натаму и покрај фактот дека моделот нема да биде достапен на пазарите во Северна Америка и Кина.
Се очекува циклусот со едно полнење да биде меѓу 400 и 600 километри, според европскиот стандард NEDC. Како што е познато I.D. ќе добие електричен мотор од 125 kW и ќе биде со пренос на задните тркала, но исто така се очекува да има погон на 4×4. Максималната брзина на електричниот автомобил ќе биде ограничена на 160 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе трае помалку од 8 секунди.